„Јазикот е единствената наша татковина“: 32 години од смртта на Блаже Конески

t

На денешен ден, во 1993 година, почина академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ.

Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав.

Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат „Земја и љубовта“, „Песни“, „Везилка“, „Лозје“, „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Светото на песната и легендата“ и други.

Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“. Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1981 година.

Од 4-ти јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.

Блаже Конески е роден во селото Небрегово, Прилепско, на 19-ти декември 1921 година. Секоја година, со повеќе настани се одбележува годишнината од неговото раѓање. Денот кога е роден Конески, 19-ти декември, е ставен и на листата на значајни јубилеи на УНЕСКО што се одбележуваат во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Рубио: САД не сакаат ништо што би…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Клековски со порака за Денот на независноста:…

Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…

Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените

Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…