(Видео): Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нови факти, докази и документи, за семејната фирма на Томовски
Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. – изјави денеска на прес – конференција потпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски.
Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра.
По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме.
Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи.
Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме.
Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ.
Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и овој број: 078-362-710.
Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски.
Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко
Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма.
Затоа, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.
Кој сега ќе се извинува Томовски?
Само на граѓаните може да им се извините! Но ќе дојде и тоа, кога ќе одговарате, сите до еден!
Работата не е завршена!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео): Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нови…
Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба,…
82-годишна скопјанка измамена: Платила 170.000 денари, за…
На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР…
Обид за државен удар во Бенин: војска…
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која…
Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
На 06.12.2025 во 07:00 часот во СВР…
Генерално чистење на Железничка станица, отстранет е…
Отстранет е првиот билборд од Железничката станица…