Малолетник заврши на ургентен – ова е причината!
Седумнаесетгодишно момче од Скопје било пренесено кај дежурен лекар поради прекумерно внесување енергетски пијалоци, објавија локалните медиуми.
Лекарите предупредуваат дека сè почесто младите консумираат големи количини на пијалоци богати со кофеин, кои се користат за зголемување на будност и енергија, но тоа може сериозно да го загрози здравјето.
Професорот по токсикологија, проф. д-р Андон Чибишев, објаснува дека прекумерната консумација на вакви пијалоци може да предизвика висок крвен притисок, нарушувања на нервниот систем и непредвидливо однесување со негативни последици.
Особено загрижувачки е комбинирањето на енергетски пијалоци со алкохол, што станува дел од забавите на малолетниците, а ова, според Чибишев, може да биде екстремно опасно за здравјето и безбедноста на младите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник заврши на ургентен – ова е…
Седумнаесетгодишно момче од Скопје било пренесено кај…
Макрон и се закани на Кина –…
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европската…
Хегсет: Крај на „утопискиот идеализам“ во надворешната…
Американскиот министер за војна Пит Хегсет во…
ДРАСТИЧЕН ПАД НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, ЗА ДЕВЕТ…
Во третиот квартал од 2025 година, кога…
Лажен полицаец измами скопјанка за 170.000 денари
Во Скопје, 82-годишна жена пријавила измама вредна…