Гужва на ГП „Дојран“ и „Табановце“, се чека до 40 минути
На граничните премини утрово се бележат подолги задржувања, при што на преминот „Дојран“ времето на чекање е околу 30 минути, а на „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите премини нема значителни чекања.
Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а магла со намалена видливост е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека.
„Македонија пат“ предупредува и на можни ситни одрони на патишта низ усеци и клисури, со апел за внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на ГП „Дојран“ и „Табановце“, се…
На граничните премини утрово се бележат подолги…
Авион на линијата Приштина – Истанбул излетал…
Авион на линијата Приштина – Истанбул, по…
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X…
Два дена откако ЕУ изрече голема финансиска…
Земјотрес од 6 степени ја погоди Камчатка
Полуостровот Камчатка на далечниот руски Далечен Исток…
Бројот е мој, таткото е мој, зетот…
Реакциите на Томовски за скандалот со семејната…