ДПМНЕ ГО КРИЕ ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА, МАКЕДОНИЈА ВТУРНАТА ВО НЕОКОЛОНИЈАЛЕН ДИКТАТ

t

Политичката партија #Левица е длабоко загрижена и се спротивставува на најавите во британските медиуми за можната релокација на мигранти кои немаат добиено азил во Велика Британија на територија на Република Македонија, каде би се создавале таканаречени мигрантски „хабови“.

Станува сè појасно дека Владата на Република Македонија веќе има склучено договор со Велика Британија по ова прашање во рамките на меѓувладиниот договор порано годинава, но истиот уште од тогаш намерно го држи скриен од очите на македонската јавност. Ваквото нетранспарентно постапување е спротивно на принципите на демократско владеење и директно го повредува правото на граѓаните да знаат какви обврски презема државата во нивно име.

Од Владата бараме целосно обелоденување на очигледниот договор помеѓу Република Македонија и Велика Британија, вклучително и сите анекси, клаузули и финансиски, безбедносни и политички обврски што произлегуваат од него. Секое прикривање на ваков документ претставува флагрантно потценување на јавноста и обид Република Македонија да се претвори во периферен логор за туѓи мигрантски политики и финансиски интереси на поединци.

Како земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија нема никаков стратешки интерес да потпишува ваков тип договори со Велика Британија, која веќе не е членка на Унијата и која ја искористува земјава како инструмент во своите антимигрантски агенди. Прифаќањето да се формираат мигрантски центри на македонска територија ја става државата во позиција на крајна периферија и безбедносен тампон за туѓи интереси, без реална политичка или економска корист за нашите граѓани.

Република Македонија не е причинител на миграциите од земјите на т.н. трет свет кон развиените држави, ниту е дел од експлоататорската и завојувачка машинерија која ги доведува тие општества во подјармена положба и крајна сиромаштија. Македонија нема обврска да го сноси товарот на кризите што се резултат на воени интервенции, колонијални и неолиберални политики на моќните центри, кои со децении ги дестабилизираат регионите од кои денес потекнуваат миграциските бранови.

Како интернационалистичка партија, Левица се солидаризира со азилантите и бегалците кои се жртви на војни, сиромаштија и колонијална експлоатација и го признава нивното право на достоинствен живот и заштита. Меѓутоа, Левица цврсто се спротивставува на ставањето на Република Македонија во улога на соучесник во анти-мигрантските политики на Велика Британија или било која друга држава и бара сите вакви аранжмани итно да бидат стопирани и јавно ставени на увид на македонската јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ ГО КРИЕ ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА, МАКЕДОНИЈА…

Политичката партија #Левица е длабоко загрижена и…

(Видео) Колку ќе завршат во Македонија?! Само…

Кој има трпение нека го погледне видеото…

Нафтата поскапува втора недела: што значи тоа…

Цените на нафтата и втора недела по…

Кривична за повредено лице од Пулс зошто…

Министерството за внатрешни работи, МВР излезе со…

Мерц скептичен за американскиот мировен предлог: Потребна…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази скептицизам во…