Го разочара премиерот: Меџити го поддржува протестот за поддршка на екслидерите на ОВК во Скопје
Ќе дадеме согласност за одржување на протестот. Се надевам дека сè ќе помине добро – рече Меџити.
Градоначалникот на Чаир и лидер на владејачката Демократско движење Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот за поддршка на поранешните водачи на косовската ОВК зачажан за 13 декември во Скопје. Тој како градоначалник на Чаир, општина каде протестот треба да се оддржи рече дека ќе даде согласност за негово одржување. Сепак, нејасно е дали Меџити ќе присуствува на протестот на плоштадот Скендербег.
Претходно Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот во поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг, за 13 декември во Скопјe.
Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.
„Со овој протест, тие се обидуваат да се мобилизираат пред партискиот конгрес, но само ќе докажат дека ќе им биде многу тешко да најдат коалициски партнер во иднина. Јас не ја поддржувам таа идеја и не се согласувам со тој протест. Убеден сум дека ниту ВЛЕН нема да го поддржи“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…