Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци
Министерството за финансии конечно ги објави резултатите од работењето на националните јавни претпријатија и акционерски друштва за второто тримесечје од оваа година, во чии рамки може да се потврди дека АД ЕСМ за еден квартал повторно направи голема загуба – ввој пат од 32 милиони евра.
Тоа е втор негативен квартал вв низа за државните електрани оваа година, со тоа што во првиот од годинава имаше загуба од 45 милиони евра По првата половина од работењето во 2025, ЕСМ кој во меѓувреме уште еднаш се задолжи кај домашните приватни банки, има загуби од околу 77 милини евра. Минатата евиденција покажува дека дури шест квартали по ред ЕСМ работи со значителен негативен резултат кај сите од нив.
За разлика д ЕСМ, на операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО му оди добро и има добивка од 11 милиони евра, Стандардно добро работат и ЈП Државни патишта и АД Државна лотарија. Загрижува ситуацијата со јавното претпријатие „Стрежево“ Битола кое обезбедува вода за ладење на блоковите на РЕК Битола на АД ЕСМ. Втор квартал по ред има речиси милион евра загуба, иако не важи за големо друштво.
АД Пошта е веќе приказна сама за себе со негативен резултат остварен за работењето во април, мај и јуни од минус 1,7 милиони евра. Станува збор за негативно работење во низа на квартали, исто како и „Национални шуми“, за кое беше речено од новата власт дека новопоставеното раководство ќе го стабилизира работењет на овој загубар Сепак, ситуацијата вели друго – повторно квартална загуба од речиси милион евра
АД Водостопанство продолжува со негативното работење со минус од половина милион евра, а понатаму во финансиска дупка пропаѓаат двете железнички претпријатија – и транспортното и тоа за инфраструктура имаат по 1,25 милини евра негатива, со тоа што кај ова првото веќе машинскиот персонал се побуни и одби да работи.
Министерството за финансии единствено позитивно може да гледа на тоа што во вториот квартал од 2025 збирот на билансите од сите 29 национални акционерски друштва и јавни претпријатија е позитивен и изнесува добивка од 41 милиони евра, но тоа најмногу се должи на резултатот ЈП Државни патишта, а ова друштво ги прикажува добивките на сосема друг сметководствен начин.
Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво…
Министерството за финансии конечно ги објави резултатите…
Земјотрес во Македонија
Рано изутрина, во 1:23 часот, беше регистриран…
Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот…
На Водно има загрозени објекти и проблемот…
Го разочара премиерот: Меџити го поддржува протестот…
Ќе дадеме согласност за одржување на протестот.…
Конфликтите меѓу Тајланд и Камбоџа се шират,…
Неодамнешните судири меѓу Тајланд и Камбоџа се…