Британски војник загина во Украина
Припадник на вооружените сили на Велика Британија почина денес во Украина по трагична несреќа за време на тест на оружје спроведен од украинските сили, соопшти денес британското Министерство за одбрана.
„Војник загина во трагична несреќа додека ги гледаше украинските сили како тестираат нов одбранбен капацитет, далеку од фронтовските линии“, се вели во соопштението на британското министерство на платформата „X“.
Не се објавени дополнителни детали за околностите на инцидентот.
Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека семејството било информирано за смртта на војникот.
Смртта е една од ретките јавно потврдени смртни случаи на припадници на британската војска поврзани со мисијата за поддршка во Украина, според „UK Defense Journal“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…