Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа, по ескалацијата на граничните судири меѓу двете азиски земји, објавија локалните медиуми во Камбоџа.
Камбоџанскиот весник „Кмер тајмс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека авиони Ф-16 фрлиле најмалку две бомби врз села во покраината Минчи, на границата со Тајланд. Нема веднаш извештаи за жртви.
Медиумот пренесува дека тајландските авиони летале уште над неколку други подрачја во Камбоџа, покрај копнените и морските напади за кои нема повеќе информации. Тајланд се уште не го коментираше соопштението.
Претседателот на Сенатот на Камбоџа и долгогодишен шеф на земјата Хун Сен изрази загриженост, но ја пофали војската бидејќи „храбри и цврсто се одбранила“, пишува „Кмер тајмс“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку двајца мртви во пукање во училиште…
Најмалку две лица загинале, а повеќе други…
13-годишно дете почина откако по убод од…
13-годишно момче почина во јужен Тајланд откако…
Скандал во будистички храм во Тајланд: Уапсени…
Четири будистички монаси се уапсени во Тајланд…
САД ќе обезбедат 45 милиони долари помош…
Соединетите Американски Држави, кои одиграа голема улога…
Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин…
„Двете страни се согласија да го одржат…