Филипче со реакција: Нападот врз „Инфомакас“ е почетокот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја скрие вистината за мигрантите
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари и политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
-Синоќа се случи инцидент. Повиците за насилство, претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот медиумски инцидент после упадот во А1 телевизија во 2010 година, со физички напад во живо врз новинарите на Инфомакс, додека траеше програмата. Според информациите што ги добивме, напаѓачот е член на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на власта и на моќта синоќа ја видовме на дело, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека со ова јасно се гледа дека слободата на граѓаните и слободата на медиумите е загрозена и дека српското сценарио на ВМРО-ДПМНЕ започна синоќа со нападот на новинарите од Инфомакс.
Причините за ваквите напади, потенцираше Филипче, се поврзани и со прашањата за мигрантите:
„Повеќе денови наназад предупредуваме дека премиерот Мицкоски договорил преземање мигранти во Македонија. И како што гледате, нема одговор! Одговорот е јасен: Мигранти во јуни во Македонија посочи Филипче.“
Токму поради ова, власта се обидува да се дефокусира јавноста од проблемот со мигрантите.
„Синоќешниот напад врз новинар и медиум е само почеток на заплашувањето. ВМРО-ДПМНЕ не може да дозволи пред избори народот да дознае дека ја издале Македонија,“ рече претседателот на СДСМ.
Ги повикувам сите медиумски здруженија да застанат во одбрана на своите колеги, на правото на слобода на говор, на слобода на медиуми, на основни демократски начела за кои граѓаните на Македонија се изборија во 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…