Макрадули: Оваа власт одамна покажа дека не сака „Тешки муабети“
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари, политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
„Умисленото, арогантно и конфликтно однесување на власта секогаш носи последици. Некои ќе се случат порано, некои подоцна, но неизбежно е дека ќе се случат. Реториката „никој ништо не ми може“, фалењето со криминално склучени тендери, тајните договори претставени како доблест, а борците за вистината третирани како непожелни, сето тоа води кон катастрофални последици. Најнапред по недолжни граѓани, а потоа, како бумеранг, неизбежно се враќа кај пропагандистите кои ја шират таквата реторика. Не веднаш, но ќе дојде, да нема дилема.“ – пишува на својот Фејсбук профил, Јани Макрадули.
„Оваа власт одамна покажа дека не сака „Тешки муабети“.
Од вистината бега, на незгодните прашања одговара со закани за тужби, а борците за вистината се третираат како да не треба ни да постојат.
Би сакал да верувам дека синоќешниот упад во независна медиумска куќа ќе биде сигнал за креаторите на конфликти во општеството да ја одморат, барем малку, тезата дека „оној што не е со нас, мора да го нема“.
А можеби новата доктрина од последниот конгрес сè уште не е испратена. Медиумите мора да останат заштитени од какви било политички влијанија. Борбата за вистината, демократијата и плурализмот мора да опстои во Македонија.
Зашто кога ќе се загрози слободата на медиумите, не паѓа само една врата на една куќа, паѓаат темелите на општеството.“ стои во објавата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…