Сиљановска – Давкова го осудува нападот врз редакцијата на „Инфомакс“
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари, политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
Редакцијата на „Инфомакс“ упати прашање до Претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска-Давкова во врска со нападот кон редакцијата. Од таму остро го осудуваат нападот и очекуваат сторителот да биде санкциониран.
„Едно од моите тешки прашања по повод Меѓународниот ден на човековите права беше: „Дали медиумите имаат право да истражуваат без страв?“
Остро го осудувам насилниот упад во редакцијата на „Инфомакс“ и очекувам сторителот да биде санкциониран.“ – велат од Претседателскиот кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска – Давкова го осудува нападот врз…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…
Макрадули: Оваа власт одамна покажа дека не…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…
ССНМ со реакција за нападот врз „Инфомакс“:…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…
Премиерот Христијан Мицкоски го осуди нападот врз…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…
Филипче со реакција: Нападот врз „Инфомакас“ е…
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…