Величковски: Мицкоски јавно да го осуди напаѓачот на „Инфомакс“ и да спроведе мерки за санкционирање на говор на омраза и насилство во сопствената партија
Мицкоски јавно да го осуди напаѓачот на „Инфомакс“ и да спроведе мерки за санкционирање на говор на омраза и насилство во сопствената партија
Осудата на НОВА РЕПУБЛИКА кон нападот и напаѓачот е недвосмислена, еднакво со поддршката до редакцијата на „Инфомакс“.
Нападот е последица на долгогодишното толерирање на говорот на омраза (вклучително на социјалните мрежи).
Доколку во изминатиот период имаше говор и постапки на омраза по етничка основа, во конкретниот случај мотивот е партиски.
Досегашното несанкционирање доведе до упадот кој треба да ги заплаши политичките противниците на актуелната власт и конкретно на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се дистанцира од нападот и да обесхрабри политичко насилство, потребно е:
– како партија дисциплински да ги санкционира своите членови кои во своето секојдневие и на социјалните мрежи шират говор на омраза или се закануваат кон неистомислениците;
– практично да поддржи брзо процесуирање и правен епилог на овој и другите случаи на говор на омраза и насилство – како владејачка партија, и
– лично Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги повика своите членови на следење на етичките норми, недвосмислено да се дистанцира од напаѓачот и да го најави и спроведе претходно наведеното.
Се до тогаш партиската мотивираност на нападот останува поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и ќе може да се смета за вовед во ескалирање на партиски-мотивираното насилство кое:
– ги загрозува демократскиот процес во Северна Македонија, слободата на говор и на медиумите, и
– ќе се прошири во меѓупартиските и меѓучовечките односи.
Соопштение на НОВА РЕПУБЛИКА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…