Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд
Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
-Изречени се повеќе од 20 казни.
Како што најавив, така и постапуваме.
Ги отстрануваме сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани, го попречуваат движењето и го нарушуваат јавниот ред.
Скопје мора да биде град во кој владеат правила, а не самоволието.
Вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд.
Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.
Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект.
Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.
Градот Скопје и јас како градоначалник ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.
Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење.
Редот е обврска. И ние ја исполнуваме, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…