Судиите и административците се уште не ја зеле ноемвриската плата, можен е прекин на работата

t

Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од Синдикатот на УПОЗ велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат.

Трпе Деаноски, претседател на овој Синдикат, вели дека ниту судиите, ниту адмистративците до 10 декември не ја зеле ноемвриската плата, а нема абер ниту за исплата на регресот за годишен одмор, иако се знае дека до 15 декември ќе се затвори трезорската сметка. Според Деаноски, станува збор за 1.400 до 1.600 вработени. И Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација завчера излегоа со барања до Владата и надлежните институции, предупредувајќи на можен штрајк во сите судови доколку не се подобрат материјалните услови и не се реши проблемот со недостиг на кадар.

-Фокусот е ставен на итна исплата на додатоците на плата кои не се исплатени од март оваа година, исплата на регрес за годишен одмор и пресметка на платите согласно коефициентите од Општиот колективен договор во јавниот сектор од 2023 година. Актуелната ситуација во судовите е многу сложена, има огромен недостиг на персонал, фалат референти, дактилографки и стручни соработници, а вработените се принудени да извршуваат задачи дури и за четворица колеги. Веќе три години нема огласи за нови вработувања, што ја прави состојбата уште полоша. На пример во Врховниот суд има 44 дактилографки на 69 судии. Во писарниците еден вработен работи со по два или три судии. Ова значи дека еден вработен на писарница може да има од 600 до 1.200 предмети. Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатливо – порача Деаноски.

Деаноски побара итно донесување на Законот за судска служба и јавнообвинителство и тоа до крајот на оваа година, за конечно од 2026 да се вреднува работата во судската сфера. Тој порача дека состојбите во судството се причината што токму таму имало најмногу штрајкови.

-Во 2016 година, судовите штрајкуваа три месеци, а во 2023 година имаше тримесечен прекин во обвинителствата. Тоа значи дека се оди на штета на граѓаните и на адвокатите бидејќи работите стојат во место со месеци. Судскиот буџетски совет наместо да се бори да добие 0,8 отсто од БДП-то, како што е предвидено со Закон, на седница носи одлука да се бара понизок износ, што е спротивно на законот. Ама нив секако не им се битни вработените, битно е само да си обезбедат средства за плати, кои се многу пати поголеми од оние на вработените и неколку пати поголеми од платите на судиите кои редовно ги извршуваат работните задачи во судовите – поентираше Деаноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судиите и административците се уште не ја…

Четири судови веќе најавиле прекин на работата,…

(Видео) Британски пратеник за мигрантите: „Ќе ве…

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот…

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се…

Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и…

Руската агресија врз Украина создава „економска итност“…

Доколку не беше руската агресија врз Украина,…

Величковски: Мицкоски јавно да го осуди напаѓачот…

Мицкоски јавно да го осуди напаѓачот на…