Владата на Мицкоски доцни со социјалната помош, додадоците за децата, ранливите групи и парите за туѓа нега

t

На адресите на примателите на социјална помош, детски додаток и за туѓа нега не пристигнува месечната парична помош. Нема пари за најранливата категорија граѓани, но и за сите додатоци за луѓето кои се на работ на егзистенција.

Граѓаните кои побарале одговор во центрите за социјални работи и Фондот за здравсто, информираат дека службените лица само ги кревкале рамениците.

Вријат и социјалните мрежи. И официјалната Фејсбук страница на Министерството за социјална политика демографија и млади – е преполна со коментари од граѓаните кои револтирано реагираат за доцнењето и бараат што поскора исплата.

Коментари на Фејсбук

„Се гледа колку ви е грижа за народот,

„Најголемо насилство е да ги лажеш сиромашните.“

„Само со протести се решава проблемот“

„Срам да ви е се уште не се пуштени средствата“

Од Министерството социјална политика демографија и млади без информации зошто се доцни со исплата, но со уверување дека за скоро помошта ќе биде исплатена. Од таму за медиумите кратко велат дека од нивна страна целата постапка била завршена.

„Министерството за социјална политика демографија и млади, информира дека целата постапка околу подготовката на исплатата на правата од социјална и детска заштита е завршена од страна на службите на министерството. Воедно известуваме дека се очекува исплатата да биде реализирана во најкраток можен рок“, велат од таму.

Низ годините значително се зголемува борјот на приматели на социјална помош. Последните статистики говорат дека над 33 илјади е бројот на семејства кои живеат од одредена социјална помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Мицкоски доцни со социјалната помош,…

На адресите на примателите на социјална помош,…

(Фото) Продолжуваат повиците за линч на екипата…

Ако имаше било каква дилема кој е…

Драматичен момент во Брисел: Урсула го прекина…

На официјалниот влез на Европската комисија во…

Русија ќе ги смета за легитимни цели…

Русија ќе ги смета сите странски контингенти…

Судиите и административците се уште не ја…

Четири судови веќе најавиле прекин на работата,…