Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три милиони патници
Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот патник во една година. Ова, како што рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се случува по првпат во историјата на авиосообраќајот во земјава.
Николоски нагласи дека скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, дека има континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, а на бизнисот му се овозможуваат подобри комуникации и врски.
Николоски заедно со раководството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на која беше испратена Милена Таскова на нејзиниот лет Скопје – Бари, со што стана тримилионитиот патник на скопскиот аеродром.
„Драго ми е што ова семејство што денеска патува до Бари ја има среќата да биде тримилионитиот патник на скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години, ова би било незамисливо. Со ова, аеродромот во Скопје станува центар за целиот регион“, рече Николоски.
Тој посочи дека од септември минатата година досега има 21 нова дестинација од скопскиот и од охридскиот аеродром, што се најмногу воведени од која било држава во регионот.
Најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолиниите Скопје – Наполи и Скопје – Будимпешта, а од 28 јуни Охрид – Катовице, Охрид – Вроцлав, Охрод – Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид – Виена на „Аустриан ерлајнс“.
Раководството на аеродромскиот оператор на тримилионитиот патник и подари бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни билета од „Визер“.
Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија рече дека од 2010 година кога го презеле управувањето на аеродромите, бројот на патници е зголем за петпати.
„Првата 2010 година од работењето заврши со 674 000 патници на скопскиот аеродром, во 2014 година го достигнавме првиот милион, а во 2018 година го имавме двамилионитиот патник. Денеска го имаме тримилионитиот патник“, рече Курт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…
Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…