Лондонски „Тајмс“: Владата во Скопје не одговори на нашите прашања
Метју Датан, авторот на статијата „Неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Северна Македонија“ (Failed Asylum seekers could be deported to North Macedonia), на британски „Тајмс“, што предизвика бура од реакции, во одговор на прашањето на Рацин.мк дали побарал мислење или коментар од Владата на Северна Македонија за темата „мигрантски кампови“, вели:
Неколку пати им се обратив за коментар, но никој не одговори. Што вели владата како одговор на нашата сторија?
Редакцијата на Рацин.мк денеска претпладне испрати мејлови и до прес службата на Владата на Северна Македонија со прашање:
Дали новинари или редакцијата на лондонски „Тајмс“ испратиле прашања до Владата, до прес службата, за темата „мигрантски кампови“ во Македонија пред да го објават текстот со наслов „Failed Asylum seekers could be deported to North Macedonia“ од 5 декември?
Досега од Владата нема одговор, но затоа од Лондон, од авторот на текстот Метју Датан, добивме потврда дека тој испратил прашања до нашата Влада.
Со ова се потврдуваат нашите информации што ги објавивме претходно, дека од „Илинденска“ бр. 2, наместо да одговарат на прашањата на „Тајмс“ избрале да молчат, односно одбиле да дадат официјален коментар.
Во светот на високата политика и меѓународното новинарство, кога медиум од калибарот на „Тајмс“ испраќа прашање за тема од ваква чувствителност, да не се одговори е најлошиот можен одговор.
Наместо тоа, Мицкоски денеска избра да го нарече угледниот „Тајмс“ – таблоид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лондонски „Тајмс“: Владата во Скопје не одговори…
Метју Датан, авторот на статијата „Неуспешните баратели…
Вучиќ: Се подготвувам за мојата прва официјална…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
(Видео) Зеленски се појави во градот за…
Украинските сили ги вратија северните делови од…
Германија го повика рускиот амбасадор поради хибридни…
Германското Министерство за надворешни работи денеска го…
Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три…
Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот…