Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа – осомничен е за примање на поткуп
Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва, а според неофицијални извори, тој бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра, објави „Њуз 24“.
Тој ја извршуваше функцијата државен правобранител на Република Северна Македонија од август 2018 до 2022 година.
Државното правобранителство е надлежно за правната заштита на интересите на државата, вклучително и за управувањето со имотно-правните прашања и за застапувањето на државата пред судови и други институции.
Во периодот на неговиот мандат, Стафа беше инволвиран во низа предмети што предизвикаа значителен јавен интерес.
Неговото име најчесто се поврзуваше со случајот „Трансмет“, односно со постапките за одземање имот поврзан со бизнисменот Сеад Кочан. Тој беше во судир со поранешните обвинители на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро, затоа што државата не го конфискуваше имотот на Кочан.