СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеколото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ денеска поднесе официјална пријава до антикорупскицската комисија во врска со случајот „Сити Аутсорсинг“.
Како што велат од опозициската партија, станува збор за фирма која има добиено вкупно 161 тендер во вредност од околу 9 милиони евра, а само во текот на оваа година остварила приходи од речиси половина милион евра. Од партијата тврдат дека постојат семејни врски меѓу сопственичката структура на фирмата и Ивица Томовски, актуелен директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).
Иако ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат тој да заврши без темелна истрага.
„Со пријавата бараме ДКСК детално да ги испита и донациите кои Ивица Томовски ги давал на ВМРО-ДПМНЕ, а кои во неколку наврати надминуваат вкупна сума од 800.000 денари“, истакна Петар Огњеновиќ.
Од СДСМ прашуваат какво е потеклото на средствата со кои Томовски ги вршел донациите, дали тие се поврзани со фирмата „Сити Аутсорсинг“ и како, според нив, е возможно ваква сума да биде донирана исклучиво од плата, имајќи предвид дека Томовски јавно негира поврзаност со каков било приватен бизнис.
Партијата апелира ДКСК да спроведе целосна и транспарентна истрага и да даде јасни одговори на овие прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…