Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути
Надежно бебе, кое имало шанса за живот, починало на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 1 октомври годинава, а смртта на семејството му била претставена како нешто што не можело да се спречи. Но, документите до кои дојде „Слободен печат“ покажуваат дека внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, ја пријавила педијатарката од одделот, д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.
Директорката на болницата, доктор Ирена Алексиовска Папестиев, откако ја добила оваа пријава, ја отстранила педијатарката од дежурства на одделот за интензивна нега и ја преместила на оддел каде нема реинтубации (на барање на педијатарката). Но, два месеца директорката ги нема известено ниту Министерството за здравство, ниту Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ниту Јавното обвинителство за овој предмет во кој началничка на оддел за интензивна нега пријавува докторка од одделот за несоодветно лекување на бебе со смртни последици!
Пред да ја објави оваа сторија, „Слободен печат“ ја имаше неверојатно непријатната улога, на семејството на починатото новороденче да му ги покаже интерните документи од Клиниката за гинекологија и акушерство кои ги добивме од свиркачи, а во кои се наведува сомнежот за негово несоодветно лекување и предизвикување компликации – нешто што на семејството воопшто не му било кажано при исписот на мајката од болница.
-По смртта на син ми, специјализантката ни рече да не го оставаме овој случај така, дека нешто на ГАК не било во ред со лекувањето, се присети таткото на бебето кога зборуваше со нашата редакција.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…