Почина истакнатиот играорец на „Танец“, Симеон Чулев
Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит ја информира јавноста за одржување на комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.
Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.
Комеморативната седница ќе се одржи во вторник, на 16 декември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
На седницата, сите соработници, пријатели и колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во ансамблот.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, а погребот ќе се одржи на гробиштата Камник – населба Ченто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…