Вонреден надзор на скопска Гинекологија по смрт на новороденче кое почина на 1 октомври
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за Инфомакс одговорија дека сите прашања, вклучително и дали е направен инспекциски надзор, треба да се упатат до Министерството бидејќи истите се орган во состав на МЗ, иако според Закон се независни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новородено бебенце почина на ГАК – Семејството…
На 21 април на скопска Гинекологија починало…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…
Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да…
До Левица стигна дојава дека во петокот…
Млада трудница го загуби осуммесечниот плод: Дошла…
Семејството на млада трудница од Велес бара…
Комисијата за стручен надзор за починатото бебе…
Комисијата за стручен надзор за случајот со…