Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

t

Министерот за економија Бесир Дурмиши енормното зголемување на цената на јајцата го оправда со зголемувањето на цената на пченката и сојата, цени кои се утврдуваат на светските берзи.

Тој ја обвини претходната влада дека не презема мерки за поддршка на локалните производителии дека Министерството за земјоделство започнало кампања за стимулирање на производството на овие суровини.

„Кога сме кај прашањето за јајцата, бидејќи тоа е поврзано со цената на сојата и пченката, кои се прехранбени производи кои се на берза и не можеме да влијаеме на нив“,рече министерот.

Во законот за финансиска поддршка за инвеститорите што ќе почне да го спроведува Министерството за економија и труд, од 1 јануари е предвидена финансиска поддршка за локалните производители кои сакаат да го зголемат производствениот капацитет и производителите кои ќе инвестираат во технологија. Според Дуримиши, ова ќе влијае на зголемувањето на бројот на работни места и на зголемувањето на количината на локално производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…