Црна Гора никогаш не била поблиску до ЕУ: Пет преговарачки поглавја се затворени
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека Црна Гора денес затворила повеќе од една третина од поглавјата, што е голем успех.
„Напорната работа носи извонреден резултат. Денес затворивме 5 преговарачки поглавја со Европската Унија, а со вкупно 12 затворени поглавја, поминавме една третина од патот. Влегуваме во 2026 година со многу надеж и ентузијазам таа да биде уште подобра, пофокусирана, со поголема меѓуинституционална соработка, доверба и дипломатија, што ќе нè натера да ја дочекаме следната година со задоволство од добро завршената работа. Благодарен сум им на министрите, тимовите, пратениците и сите колеги затоа што во оваа работа секогаш наоѓаат компромиси што нè водат напред. Нема беспрекорен пат, но има беспрекорен резултат. Нашиот е токму тоа“, напиша Милојко Спајиќ.
Црна Гора никогаш не била поблиску до Европската Унија (ЕУ), порача утрово европската комесарка за проширување Марта Кос.
Вклучувајќи ги и овие пет, Црна Гора досега затвори вкупно 12 поглавја во преговорите со ЕУ. Владата планира да ги затвори преостанатите поглавја (21) следната година.
Иако Црна Гора ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја, Европскиот совет нагласува дека привременото затворање не значи крај. Унијата го задржува правото да се наврати на овие поглавја доколку се појави потреба, а ниту едно поглавје не се смета за конечно завршено додека не се постигне договор за сите.
„Следењето на усогласувањето со правото на ЕУ и неговата практична примена ќе продолжи во текот на целиот преговарачки процес“, велат од Советот.
Претходно, во јуни 2025 година, беше затворено поглавјето за јавни набавки. На последната конференција учествуваше и новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…
Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Над 700 милијарди евра ќе се вртат…
Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Куновска: Филипче треба веднаш да се спакува…
Поранешната висока функционерка во СДСМ и екс-пратеничка,…