Мицкоски ќе ви каже дали сте гладни: Од 1-ви јануари, Владата ќе пресметува колку пари му требаат на едно семејство
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески најави дека од 1 јануари, покрај синдикалната минимална потрошувачка кошничка, Владата ќе воведе и официјална просечна потрошувачка кошничка за најмалку четиричлено семејство. Таа ќе се користи како основа за креирање економски политики и зачувување на животниот стандард.
Како што посочи Ристески, пресметката ќе се разгледува на седница на Економско-социјалниот совет закажана за 22 декември, а ќе се темели на цени од најголемите супермаркети, основни прехранбени производи и регионални разлики, со сезонски производи како овошје и зеленчук.
Тој најави и можност за воведување дополнителни кошнички – за двочлено и трочлено семејство, како и за пензионери. Во однос на минималната плата, Ристески рече дека зголемувањето според важечкиот закон треба да се случи до крајот на март 2026 година и да изнесува од 1.700 до 2.000 денари, освен ако социјалните партнери не постигнат поинаков договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…