Откако премиерот излажа дека го вратил името, Атина упати официјална реакција во која изразува незадоволство

t

Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше денес на вчерашните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, кој во интервју за „Сител“ карикирајќи рече дека „го вратил името“ (мислејќи на уставното име на државата) и наведе дека доказ за тоа е фактот што Венко Филипче, лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз, почнал да кажува „Македонија“, откако додека СДСМ беше на власт, Филипче и другите функционери на партијата земјата доследно ја нарекуваа Северна Македонија.

„Ги гледам, аха, не можело на Мицкоски да му се верува, тој рече дека ќе го врати името, ќе го поништи (Преспанскиот) договор. Па, еве – го вративме. Па, дури и Венко, кому му беше устата полна со ‘северна’, сега користи Македонија“, рече Мицкоски.

Изјавата на Мицкоски предизвика реакција од Атина:

„Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е „Северна Македонија“, како што е јасно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, на кој таа е страна. Преспанскиот договор е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво. Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна. Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа на мирниот соживот на народите и државите. Во меѓународните договори нема фактички ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на нејзиниот сосед бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, пишува во реакцијата на грчкото МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…

Вкупно 15 пожари на отворен простор се…

Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…

Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…

Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…

ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…