Објавени причините за смртта на новороденчето: Масивен пнеумоторакс, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека примил медицинска документација во врска со смртта на новороденче од Арачиново, кое почина на 1 октомври на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Како причини за смртта се наведуваат масивен пнеумоторакс, белодробен емфизем, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција.
Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, соопшти дека до Министерството за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија која ќе утврди дали во третманот на новороденчето имало пропусти. Исто така, бил извршен и вонреден инспекциски надзор на клиниката.
Според медицинската документација, родилката била хоспитализирана како итен случај на 27 септември и породувана со царски рез на 28 септември. Новороденчето било префрлено на интензивна нега поради респираторни компликации, интубирано и ставено на антибиотска терапија. Состојбата нагло се влошила на 1 октомври, а и покрај мерките и реанимацијата, детето починало.
Обдукцијата е побарана, но извештајот сè уште не е готов. Родителите најавија тужба против Клиниката, а случајот го истражува и Јавното обвинителство. Две специјализантки претходно посочиле на можни пропусти од педијатарката на интензивната нега, која е префрлена на друг оддел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…