Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат

t

ЕУ бара забрзување на реформите и имплементација на договорите со Грција и Бугарија – властите во Македонија знаат што треба да направат, порача Антонио Кошта.

Во декларацијата составена од 21 точка, од Самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржа во Брисел, од регионот се бара забрзување на реформите, почитување на европските вредности и владеење на правото согласно кластерот 1 – Фундаменти. Македонија не се спомнува конкретно, но во последната реченица од точка 5 стои дека Унијата повикува на гаранција на правата и еднаквиот третман на малцинствата. Добрососедските односи и договорите со Атина и Софија, остануваат клучни за Брисел.

Декларација од Самит ЕУ- Западен Балкан:

точка 5 – ЕУ ги повикува партнерите да ги гарантираат правата и еднаквиот третман на лицата кои припаѓаат на малцинства.

Точка 6 – Инклузивната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Според Декларацијата – иднината на регионот е во ЕУ, се поздравува постепената интеграција на Единствениот пазар, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика, Планот за раст, но и нормализација на односите Белград – Приштина. Во последната точка, со фуснота, се нагласува дека Србија не се согласува со документот.

Декларација од Самит ЕУ- Западен Балкан:

-Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи. Проширувањето е геостратегиска инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Го поздравуваме усогласувањето на партнерите од Западен Балкан со оваа Декларација. ‘Србија не се согласи.

По завршувањето на Самитот, претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, преку писмена изјава порача дека проширувањето се движи побрзо од последните 15 години. Ги пофали Албанија и Црна Гора. Во делот за Македонија, кратко порача – властите знаат што треба да направат.

Антонио Кошта претседател на Европски Совет – Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат.

За време на тн. семејна фотографија на Самитот ЕУ- Западен Балкан, можеше да се забележи кратка интеракција потикната од Кошта и Фон дер Лајен, кои се движеа помеѓу Мицкоски и Желјазков. Во исто време, вчера попладне стигна и реакција од официјална Атина – дека уставното име „Северна Македонија“ е прецизно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кошта: Властите во Македонија знаат што треба…

ЕУ бара забрзување на реформите и имплементација…

Откако одлежаа две-третини од казната: Уште осум…

Повеќето од осудените за настаните од 27…

На повидок нови скандалозни измени на КЗ:…

Новите измени на Кривичниот законик, кои се…

Се угушивме од марихуаната, влегува преку аспираторите-…

Животот во колективни згради носи предизвици, но…