Левица: Независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност на директорката и педијатарката во ГАК

t

Левица бара обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката и од педијатарката која го реанимирала бебето.

Според партијата, последниот случај со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје открива не само индивидуални пропусти, туку и системска болест на здравствениот сектор во Македонија, кој го стави интересот на хиерархијата, бирократијата и формалностите над животот на човекот. Левица вели дека на ГАК недостасуваат педијатри и неонатолози.

„Имено, интерната документација на ГАК, вклучувајќи ја пријавата на началничката на интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, открива дека педијатарката д-р Емилија Бадева извршила долготрајна, повеќекратна и неуспешна реинтубација (околу 20 минути), при што довело до дестабилизирање и смрт на бебето. Сведочењата на специјализантките д-р Деспина Кочова и д-р Мевљане Ислами Лимани потврдуваат дека ја предупредувале да ја прекине постапката. Интерните податоци откриваат и сомнежи за алкохолна употреба на д-р Бадева за време на работа, што е целосно игнорирано од директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев и институциите. Комисијата за квалитет препорачала тестирање за супстанции, но нема законска сила за реална проверка, што јасно укажува на систем кој штити персонал и формалности, наместо животот на пациентите“, велат од Левица.

Од таму додаваат дека директорката не ги известила Министерството за здравство, ДСЗИ ниту Јавното обвинителство цели два месеци, додека ДСЗИ, велат од Левица, подоцна се ограничува само на формални извештаи за медицинските состојби, без да го утврди суштинскиот причинско-последичен однос помеѓу несоодветната постапка и трагедијата.

„Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, декларативно најавија формирање стручна комисија, но ова останува празна формалност ако не се обезбеди независна контрола и санкција на одговорните“, велат од Левица.

Партијата бара итна, независна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство за сите аспекти на овој случај; одговорност за директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев и педијатарката д-р Емилија Бадева и сите кои прикривале информации; јавно објавување на обдукцискиот наод на новороденчето; законски промени кои ќе овозможат реална контрола и проверка на медицинските постапки, вклучувајќи и тестирање на лекари за супстанции во критични оддели; крај на културата на молк, прикривање и заштита на хиерархијата над животите; реформа на здравствениот систем кон јавно, колективно, транспарентно и социјално здравство, каде здравјето и животот се врвен приоритет, а не формализам и лични интереси и едукација и вработување на повеќе педијатри неонатолози.

Освен ова, велат од Левица, останува и прашањето дали на ГАК постои јасен протокол за соработка со детската хирургија и детска клиника и дали се прифаќаат сите новороденчиња за кои е проценето дека треба да се префрлат за стручна помош?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Независна истрага за смртта на новороденчето…

Левица бара обвинителството да отвори истрага за…

Мојсоска: ДПМНЕ бара да му веруваме на…

На собраниската седница посветена на Резолуцијата за…

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај…

Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација…

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар…

Левица предупредува дека најавите за ново раководство…

Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај…

Советникот од Левица во Советот на Општина…