Грчките земјоделци ги засилија протестите
Блокадите на патиштата, автопатите и граничните премини предизвикуваат сериозни нарушувања во сообраќајот и економскиот проток во земјата.
Протестите започнаа на 30 ноември, кога земјоделците излегоа на улиците поради високите трошоци за производство и ниските цени на нивните производи, но исто така и поради одложувањата во исплатата на европските субвенции за земјоделство. Главното барање е целосна и навремена исплата на заостанатите средства, кои според нив се клучни за опстанокот на земјоделскиот сектор.
На денешниот состанок, на кој учествуваа претставници на над 50 земјоделски блока од различни региони, е потврдено единството на протестите. Земјоделците одлучија да продолжат со блокади и во наредните денови, а не исклучуваат ниту повеќечасовни прекини на сообраќајот на граничните премини со соседните држави, со цел да го засилат притисокот врз грчката Влада.
И покрај повиците за дијалог од страна на Владата, земјоделските организации уште еднаш ја одбиjaа поканата за состанок, инсистирајќи на конкретни одговори и решенија пред да седнат на преговарачка маса. Додека од една страна се бара итна исплата на субвенциите, од друга страна се најавуваат дополнителни активности со кои земјоделците сакаат да привлечат национално внимание кон нивните барања.
Блокадите се воспоставени на повеќе клучни локации, вклучувајќи го и граничниот премин „Евзони“ кон Северна Македонија и други премини кон Бугарија, каде сообраќајот е ограничен за товарни возила во определени периоди. Дел од протестите, исто така, предизвикаа затворање на споредни патишта и други нарушувања на инфраструктурата, додека земјоделците остануваат решени да не попуштат додека нивните барања не добијат конкретен одговор.
Организаторите најавија дека ќе продолжат со координирани активности, а одлуките за следните чекори треба да бидат донесени на нов состанок што е закажан во наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…
Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…
Се подготвува ли „црна листа“ на гости…
Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…
(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…
Шумски пожар се шири на грчки остров…
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…
Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…
Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…