Минимална плата од 510 евра од 1 јануари, одлука на албанската влада

t

Албанската влада донесе одлука со која, од јануари минималната плата се зголемува на 50 илјади леки, околу 510 евра или за 100 евра повеќе од досегашната, која беше најниска во регионот.

– Од оваа одлука полза ќе имаат околу 307.850 вработени, регистрирани во јавниот и приватниот сектор и има за цел да го заштити животниот стандард, да го зајакне човечкиот капитал и да го подобри животниот стандард за илјадници албански семејства, објави Делина Ибрахимај, министерката за економија и иновации.

Според неа, се очекува зголемувањето на минималната плата да има позитивно влијание и врз намалувањето на неформалноста на пазарот на трудот, како и врз зајакнувањето на почитувањето на законските договори и правата на вработените.

Најавувајќи го ова зголемување, неодамна премиерот Еди Рама, рече дека ова ќе биде првото, но не и единственото зголемување во овој мандат на владата, кога минималната плата ќе достигне 700 евра, пренесува МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минимална плата од 510 евра од 1…

Албанската влада донесе одлука со која, од…

Тајмс: Ненадејно починал клучниот сведок за случајот…

Клучен сведок во истрагата за наводните платени…

Се огласи Арсовска за загадувањето во Скопје:…

Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE,…

Внимание: Екстремно загадување во Скопје! Почнуваат да…

Скопје повторно и поголемиот дел од Македонија…

Украина почнува нов круг разговори со САД…

Украинските мировни преговарачи почнуваат нов круг разговори…