Кризна состојба на барање на ЕСМ: Реална потреба или фингиран обид да се спаси компанијата од долгови?

t

Дали ќе има кризна состојба во енергетскиот сектор во земјава, Владата ќе решава на следната седница, најверојатно во вторник. Ова доаѓа откако АД ЕСМ преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Причина за тоа според компанијата е што поради секојдневните блокади на грчките земјоделци, била отежната доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија.

ЕСМ

Поднесена е иницијатива до Влада, се очекува на следната владина седница да се донесе одлука.Се бара да се активираат државните резерви на мазут. Со оглед на тоа што е отежнат дотурот до термоелектраните поради блокадите на грчките земјоделци.

Од Владата за ТВ 24 најавувата одлука следната седница .

Влада на РСМ

„Точно е дека во Владата е стигнат таков допис за кој ќе се одлучува идната недела на Владина седница. Ваквата иницијатива за активирање на државните резерви произлегува поради состојбата со блокадите на грчките земјоделци поради што не може да се реализира набавката на мазут кој е неопходен во делот на производството“.

Од Левица сметаат дека единствената кризна состојба во ЕСМ е немањето капацитет на, како што велат, директорот на Мицкоски да менаџира со ова претпријатие. Според партијата, ЕСМ оваа година ќе ја заврши со рекордна загуба од 150 милиони евра. За Левица ова е фингиран обид на директорот со цел Владата да го спаси ЕСМ од расипничкото работење и долговите кои ги наталожи раководството.

Левица

„Доколку е прекината набавката на мазут, тогаш ЕСМ може да бара раскин на договорот со добавувачите поради неисполнетост на условите. Единствената кризна состојба во ЕСМ е немањето капацитет на Узунчев да менаџира со ова претпријатие, кој директорската функција ја доби единствено поради блискоста со Мицкоски“.

СДСМ пак молчи. Кризна состојба подразбира можност Владата да ги отстапи државните резерви на компанијата за да може да произведува струја и топлинска енергија. Илјадници земјоделци во Грција веќе трета недела ги блокираат главните автопати, но и граничните премини кон нашата земја. ЕСМ за јануари купи и струја од ТЕТО во вредност од над 12 милиони евра. Цената за мегават е околу 119 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кризна состојба на барање на ЕСМ: Реална…

Дали ќе има кризна состојба во енергетскиот…

„Стоп за Усје“ повикува на граѓанска блокада…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во четврток,…

Магла го затвори Скопскиот аеродром

Густата магла што од утрово ја зафати…

Вучиќ смирува: Имаме гориво до средината на…

Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел…

Родител на загинато дете во „Пулс“: Овој…

Денеска во Кочани со почеток од 14:05…