За 24 часа 12.500 македонски државјани се вратија дома ама само за празниците
Новогодишните празници ја враќаат дијаспората во земјата – има зголемување на протокот на возила на граничниот премин Табановце што влегуваат во земјата, а се очекуваат поголеми конвои возила во наредните денови.
Официјалните бројки од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека само во последните 24 часа, над 12.000 наши граѓани влегле на сите гранични премини во земјата. Во меѓувреме, над 3.000 странци ја напуштиле Македонија.
„Вчера од 10 часот наутро до денес во земјата влегле 12.510 македонски државјани, додека 3.376 македонски државјани ја напуштиле земјата. Што се однесува до странските државјани, во истиот период во земјата влегле 6.225 лица, додека 3.142 лица ја напуштиле Македонија“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.
Германија, Австрија и Швајцарија се најчестите дестинации од каде што нашите граѓани се враќаат за новогодишните празници, додека надлежните велат дека се очекува поголем прилив на граничните премини во наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 24 часа 12.500 македонски државјани се…
Новогодишните празници ја враќаат дијаспората во земјата…
УХМР: Следната недела снег во Македонија
Од вторник навечер се очекува промена на…
Хорор во Битола, Ја тепал со столица,…
Со трпезариска столица ја удирал по главата…
(Фото) Прочистувачите прегореа – Скопје вечерва дише…
Читател од населбата Лициче вечерва до редакцијата…
Откажани 16 летови досега на скопскиот аеродром
Поради густата магла која ја зафати скопската…