СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери
Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта тоа не е приоритет, реагираат од опозициската СДСМ во партиско соопштение.
– Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух.
Пари има само наместени и криминални тендери.
АКТ го откри овој корупциски систем преку кој милиони евра пари на граѓаните завршуваат кај фирми блиски до власта преку наместени тендери. Една фирма земала 161 тендер, втора фирма со само двајца вработени земала 9 милиони евра за една година.
Тоа се приоритетите на власта на ДПМНЕ а не здравјето на скопјани.
Корупцијата го јаде секој сегмент на нашето општество а штетите се огромни и опасни по здравјето.
Мора да се стави крај криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, да прекине грабежот а парите да се насочат кон граѓаните и кон нивните потреби.
Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена. – реагираат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема пари за мерки против загаден…
Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух…
СДСМ: Стојановски потврди дека со Резолуција власта…
Нов ден, нов доказ дека власта сака…
По пресот на СДСМ, Кадиевска Војновиќ експресно…
Прес конференција на Петар Огњеновиќ, член на…
Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата,…
Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата…
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да…
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ…