СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

t

„Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот“, соопшти Катарина Цаневска Арсовска, дел од советничката група на СДСМ во Скопје.

„Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе.

Веројатно поради изјавите на премиерот Мицкоски дека воздухот во Скопје е почист од воздухот во Виена.

Тоа мора да се промени веднаш, за здравјето на скопјани се работи, за половина милион жители, деца, возрасни, млади, сите се засегнати!“, порача таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…