Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците
Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна:
-Слетаа 13 авиони, од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген), Цирих.
-Полетани се 13 авиони, за: Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона, a Рим (Фјумичино) и Малме ќе полетаат.
-Откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања)
-Пренасочени се два лета
-Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме: сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците, велат од ТАВ Македонија.
Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страницата во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите.
Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации…
Од 00:00 часот на полноќ до 20…
Нема да има блокада на граничните премини…
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на…
Прекин со водоснабдувањето во дел од Тетово…
Ги информираме жителите на населбата 146 дека,…
Шефот на НАТО: Европа е подготвена да…
Неколку европски земји се подготвени да испратат…
Поради маглата откажани и одложени летови, намалена…
Густата магла во скопската котлина како и…