Ќе се трошат стоковните резерви на мазут, се очекува утре да се прогласи кризна состојба
Утре е закажана седница на Влада на која ќе се разгледува барањето на ЕСМ за прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија, поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Оваа кризна состојба се бара за да се овозможи Владата да ги отстапи државните резерви со мазут на компанијата, со цел таа да може да произведува струја и топлинска енергија сè додека не се реши проблемот со блокадите на граничните премини со соседна Грција, предизвикани од протестите на земјоделците.
-ЕСМ поднесе писмено барање до Владата кое ќе се разгледува утре на владина седница. Но, тоа за граѓаните не значи ништо затоа што државата има резерви за мазут. Поради протестите во Грција веќе повеќе од 30 дена не може да се набави мазут и ЕСМ ќе биде снабдуван од државните резерви-рече министерката за енергетика Сања Божиновска, одговарајќи на новинарско прашање.
Од Министерството за енергетика информираа и дека резервите со мазут се 10.500 тони, а вкупните резерви на дизел, петрол и мазут се за покривање на 47 дена.
РЕК Битола најчесто користи лигнит – јаглен со многу ниска калорична вредност. Тоа значи дека самиот јаглен често не може да обезбеди стабилна и доволна топлинска енергија за поголемите котли, особено при стартување, при неповолни услови или при повисоко барање за електрична енергија. За да се достигне потребната температура и стабилност, се додава мазут како дополнително гориво кое има повисока калорична вредност и го стабилизира согорувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се трошат стоковните резерви на мазут,…
Утре е закажана седница на Влада на…
Левица: Единствената кризна состојба во ЕСМ е…
Катастрофалното менаџирање со најважното енергетско претпријатие, за…
Поевтинува мазутот, бензините и дизелот со исти…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Левица: Нови директори, стара пракса – ЕМС…
Додека народот едвај врзува крај со крај…
Ревизија: ЕСМ работи со огромни загуби –…
Државната компанија АД ЕСМ систематски работела со…