Гил: ЕУ работи на нов пакет за ограничување на способноста на Русија да води војна
Европската комисија тесно соработува со земјите членки на ЕУ за преземање на сите потребни чекори за ограничување на способноста на Русија да ја води својата сурова, варварска, нелегална и неоправдана војна во Украина, изјави денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил во одговор на новинарско прашање до каде се подготовките на 20-от пакет санкции кон Москва и што би содржеле тие.
– Со секој нов пакет санкции, како што знаете, се обидуваме да ги покриеме сите празнини или недостатоци што ги идентификуваме во претходните пакети. Така ќе продолжиме и во случај, истакна Гил, додавајќи дека нема да ја коментира „тековната работа во врска со 20-тиот пакет санкции“.
Инаку, Советот на ЕУ денеска за уште шест месеци, до 31 јули 2026 година, ги продолжи санкциите кон Русија од кој дел би бил и овој евентуален 20-ти пакет и дополнително на листата на санкционирани ги додаде судијата на Московскиот градски суд, Дмитриј Гордеев и јавната обвинителка Људмила Баландина, поради „сериозни кршења на човековите права, репресија на граѓанското општество и демократската опозиција и поткопување на демократијата и владеењето на правото во Русија“.
За Гордеев се вели дека носел политички мотивирани пресуди против опозициски активисти и заштитници на човековите права, а за Баландина дека одиграла клучна улога во неколку важни случаи на сериозни кршења на човековите права и репресија врз лица кои ги критикуваат руските власти или ја поддржуваат Украина.
Во однос на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за директни разговори на ЕУ со Москва, Гил рече не би сакал да говори за нешто што „сè уште е хипотетичко“ и нема да шпекулира за тоа кој би можел евентуално да ја претставува Унија на такви „идни хипотетички мировни преговори“.
– Патот кон мирот не е прав или линеарен и ние ги поздравуваме сите напори што придонесуваат за обезбедување на траен и праведен мир за Украина, додаде Гил.
Тој воедно информира и дека претставници на ЕУ не се присутни на тековните преговори меѓу американски и украински претставници во Мајами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гил: ЕУ работи на нов пакет за…
Европската комисија тесно соработува со земјите членки…
Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…
Габард: Русија не е способна да ја…
Директорката на американската национална разузнавачка заедница, Тулси…
Русија ѝ продала на Кина злато во…
Во ноември 2025 година, Кина купи злато…
Русија ги раскинува воените договри со Бугарија…
Руската влада го овласти Министерството за одбрана…