Жерновски: Проблемот на нашата држава е што на политичката сцена постојат две личности со исто име и презиме – Христијан Мицкоски
Проблемот на нашата држава е фактот што на политичката сцена постојат две личности кои користат исто име и презиме- Христијан Мицкоски. – пишува на својот Фејсбук профил Андреј Жерновски.
„Едниот, оној кој прв се појави, исчезна од лицето на земјата на 08.05.2024. До тогаш се претставуваше како силен опозиционерски комита и бескомпромисен патриот, кој им вети на граѓаните дека ако дојде на власт, ќе го врати старото име на државата, ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе распише задолжителен референдум на договорот за добрососедство со Бугарија.
За жал, народот му поверува и гласаше за него.
Другиот, кој се појави веќе наредниот ден откако првиот мистериозно го снема и кој набргу стана премиер, е сосема поинаков. Друго зборува, друго прави. Единствената сличност меѓу нив, што е најзбунувачки, е што физички исто изгледаат. Сето останато е целосно различно.
Елем, овој вториов мината недела замина во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и без никаков проблем, ладнокрвно, си ја прифати Бриселската декларација, во која експлицитно е наведено дека “ЕУ ја нагласува важноста на вистинското и ефикасно спроведување на обврзувачките меѓународни договори, вклучувајќи го Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, кои Северна Македонија се обврзува да ги почитува”.
Точка. Готово. Крај!
Толку од лажните надежи, толку од патриотските говори и дадените ветувања. Тие веќе не важат… или подобро кажано, како никогаш да не ни биле кажани.
Со давањето на согласност за наведената декларација, Мицкоски официјално со ВМРО-вски печат ги завери, односно ги верификува договорите со Грција и Бугарија.
Јавно ја призна исправноста на политиките на СДСМ, односно договорите кои беа дело на Зоран Заев.
Истите оние договори кои не му чинеа додека беше во опозиција и врз која гласна критика против нив дојде на власт.
Но, едно нешто треба да знае вториов Мицкоски. Постојаното лажење им ја вади земјата под нозете на оние кои тоа го прават и не им обезбедува друга основа на која можат да се потпрат. Систематската нечесност, на крајот на денот, неизбежно ја уништува лажната реалност на која се потпираат таквите политичари. Измамата во политичката сфера прво води до неминовно губење на јавната доверба, потоа до уништување на сопствениот кредибилитет, а на крајот и до потешки последици.
Што би рекол Ален Р. Смит: “Лагата е како бумеранг. Без разлика колку си талентиран да кажуваш невистини, на крајот тие ќе се вратат да те прогонуваат.“ “ – додава Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски: Проблемот на нашата држава е што…
Проблемот на нашата држава е фактот што…
Филипче: Жалам што претседателката избра да застане…
Го слушавме денес целата прaтeничка група на…
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски…
Сега на сите им е јасно дека…
СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на…
Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени…
Тренчевска: Поради корупција на власта EK ја…
Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за…