Блокирана Пластичарска
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска предизвика револт кај дел од жителите на скопската населба Серава, кои организираа спонтан протест и ја блокираа улицата Пластичарска, во близина на булеварот „Никола Карев“.
Според информациите од терен на протестот се собрале околу 50 до 60 граѓани, кои поради исклучувањето на струјата од страна на ЕВН излегоа на улица за да го искажат своето незадоволство.
Поради блокадата, сообраќајот на булеварот „Никола Карев“ е целосно пренасочен во двата правци, што предизвика застои и отежнато движење во овој дел од градот.
На местото на настанот се присутни надлежни служби кои ја следат состојбата, се грижат за безбедноста и го регулираат сообраќајот. Граѓаните наведуваат дека ненадејниот прекин на електричната енергија им создава сериозни проблеми во секојдневното функционирање.
Засега не се пријавени инциденти, а се очекува надлежните институции и ЕВН да излезат со официјален став и појаснување за случувањата.
Извор: 4њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блокирана Пластичарска
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска…
(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако…
Одговор на прашање на претседателот на СДСМ,…
Жерновски: Проблемот на нашата држава е што…
Проблемот на нашата држава е фактот што…
Пожарникарите со препораки и совети за избегнување…
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот…
Лишено од слобода лице кое поседувало пиротехнички…
34 годишниот И.Р. од село Криволак неготинско…