ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на најавите за зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека тврдењата на СДС за поскапување од 5 проценти не се точни.
Според партијата, официјалните податоци покажале дека зголемувањето изнесува 2,28 проценти, што, како што наведуваат, претставува најниско поскапување на електричната енергија во Европа. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата донела одлука за субвенционирање на електричната енергија со цел директна заштита на животниот стандард на граѓаните.
Во соопштението се наведува дека со ваквите мерки се спречиле, како што велат, црните сценарија кои биле пласирани во јавноста од страна на опозициската СДС. Од партијата додаваат дека СДС и Венко Филипче треба јавно да им се извинат на граѓаните поради, како што оценуваат, ширење невистини и дезинформации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што…
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на најавите за…
Трамп: Мора да го имаме Гренланд за…
Трамп: Мора да го имаме Гренланд за…
Донесена е одлуката за прогласување на кризна…
Владата на денешната редовна 138 владина седница,…
Вадефул: Прекинот на огнот во Украина нема…
Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, изјави…
Блокирана Пластичарска
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска…