Левица ќе бара укинување на РКЕ и итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата
Левица забележува дека „наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер „енергетичар“. Според партијата, Македонија е држава каде енергетскиот сектор е во колапс, откако вчера владата прогласи кризна состојба, а РКЕ донеси одлука за покачување на цената на струјата под, како што велат, диктат на приватниот монопол ЕВН ХОУМ.
-Иако владата на Мицкоски ветуваше дека ќе го укине надоместокот за мрежарина од 200 денари, не само што не го укина, туку факт е дека Македонците плаќаат најскапа струја во регионот. Ова е уште еден доказ дека енергетскиот сектор е поставен да носи сигурен профит за приватниот капитал и дека оваа влада е единствено во служба на енергетската мафија.
Впрочем, и самиот Мицкоски своето богатство го акумулира преку приватни хидроцентрали и сомнителни бизниси во енергетскиот сектор, за кои до ден денес јавноста нема целосно информации. За Левица е очекувано премиер кој потекнува од приватниот енергетски сектор да го брани интересот на бизнис-олигархијата, наместо интересот на мнозинството граѓани,истакнуваат од партијата на Димитар Апасиев.
Дополнително, додаваат оттаму, РКЕ со Бислимовски повторно се докажа дека е „целосно непотребна институција, која само ги аминува барањата на австрискиот капитал“.
-Затоа, Левица ќе бара укинување на оваа регулаторна комисија, која никако не го штити интересот на народот. Наместо таложење милионски профити за австриска ЕВН, Левица бара итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата и преиспитување на одлуката, како и државната ЕСМ продажба да биде постојан законски универзален снабдувач, стои во партиското соопштение.
Струјата поскапува од јануари, од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. Есапот на РКЕ покажува – за оние кои најмалку трошат, сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно. Во првиот блок се 85% од граѓаните. За оние кои трошат најмногу и се во четвртиот блок, сметките ќе пораснат и до 900 денари. Но, поскапува и евтината струја за 2,5 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица ќе бара укинување на РКЕ и…
Левица забележува дека „наместо покачување на платите…
Левица: „Тефтерчето“ во погон – Мицкоски го…
Додека јавноста се надеваше дека по смената…
Честито: СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА!
По барање на ЕВН Хоум, Регулаторната комисија…
Левица: Измените на Кривичниот законик предложени од…
И покрај тоа што јавноста е крајно…
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…