Бугарија се понуди да ја снабдува Македонија со мазут

t

По наредба на бугарскиот премиер во заминување Росен Жељазков, министерот за енергетика на Бугарија, Жечо Станков, изврши инспекција на залихите на мазут во Бугарија. Со инспекцијата е утврдено дека на територијата на земјата има доволни количини мазут, за да и помогне на Македонија да ја надмине кризната состојба со струјата, пишува новинската агенција БГНЕС.

– Врз основа на утврдените доволни количини, бугарската влада ѝ понуди на Република Северна Македонија итни залихи на гориво за котели (мазут) со цел да ѝ помогне на земјата во условите на вонредната состојба прогласена вчера. На барање на премиерот Жељазков, предлогот беше даден за време на телефонскиот разговор меѓу министерот за надворешни работи Георг Георгиев и неговиот колега од Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарската страна изрази подготвеност да помогне во обезбедувањето на потребните количини, во зависност од техничките и логистичките можности – се вели во владиното соопштение.

За време на разговорот било нагласено дека обезбедувањето помош е израз на „добрососедство и солидарност“ и е насочено кон обезбедување енергетска безбедност и стабилност во регионот.

Предлогот на Бугарија беше даден откако Владата на Македонија синоќа прогласи кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија. Овој потег, како што соопштија од македонската Влада, е неопходен за да може да се користат стоковните резерви на мазут, на кој работи термоелектричната централа (ТЕЦ) „Неготино“. Увозот на мазут од Грција е во прекин повеќе од еден месец поради протестите и блокадите на тамошните земјоделци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија се понуди да ја снабдува Македонија…

По наредба на бугарскиот премиер во заминување…

Од 500 до 1.000 евра даваат општините…

Воведувањето на еврото, исто така, ги „конвертира“…

Ќе се трошат стоковните резерви на мазут,…

Утре е закажана седница на Влада на…

Русија ги раскинува воените договри со Бугарија…

Руската влада го овласти Министерството за одбрана…

Нели ќе го раскиневте? Николоски потпиша договор…

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…