Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу 4 отсто
Очекувањата на гувернерот на Народната банка – Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка.
Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу два процента.
– Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2 проценти, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5 проценти. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4 проценти. Нашата проекција беше 3,9 проценти, а проекциите за наредната година ви се познати, рече Славески.
Статистичките податоци за инфлацијата во декември се очекува да бидат објавени на 8 јануари.
Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најбрзорастечките економии во Европа во вториот квартал…
Економијата на еврозоната оствари подобри од очекуваните…
Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
(Видео) Трамп: Ја сакам инфлацијата
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил „Јa сакам…
Инфлација од 6,8% во мај во Косово!
Косовската агенција за статистика го објави индексот…
Просечната мартовска плата е 48.433 денари
Просечната нето-плата во март достигна 48.433 денари,…