Тренчевска: Политичка шминка – Муртезани се менува а изолацијата од ЕУ останува

t

Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.

Таа нагласи дека додека Муртезани се жртвува за јавноста, неспособните министри остануваат на своите функции и продолжуваат да ја губат довербата на граѓаните.

„Ова е класичен пример на политички театар: една жртва за да се сочува системот на неуспех. Дека за неуспехот на патот кон европските интеграции е виновен еден човек, а не Владата која нема капацитет да спроведе реформи, нема храброст да преземе одговорност, нема контрола врз институциите, нема резултати во економијата, здравството, образованието, социјалната заштита, во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните“, објасни Тренчевска.

Потпретседателката на СДСМ појасни дека причината за застојот во европските интеграции не е личноста на Муртезани, туку недоволниот капацитет и резултати на Владата како целина и немањето желба за реформи и продолжување на европскиот пат.

„Исто е кој е министер, нема никаква разлика. Шемата е криминални тендери за профити. Без ралзика кој е министер.
Овие решенија се само извршители.“ рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренчевска: Политичка шминка – Муртезани се менува…

Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан…

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за…

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во…

Жерновски: Проблемот на нашата држава е што…

Проблемот на нашата држава е фактот што…

Филипче: Жалам што претседателката избра да застане…

Го слушавме денес целата прaтeничка група на…