Во јануари нема да стартува владината потрошувачка кошница: За празниците нема мерки, тврдат цените на храната не се покачени
Владината потрошувачка кошничка нема да се објави во јануари како што беше најавено пред само неколку денови. Нема шанси за интервентно зголемување на минималната плата, бидејќи продуктивноста ни е мала, а и компаниите нема да издржат. За празниците нема да има мерки бидејќи цените на храната не се покачени. Ова го изјави министерот за економија Бесар Дурмиши кој рече дека е готова новата методологија за владината потрошувачка кошничка, дадена е на синдикатите и работодавачите уште пред изборите и сега чекаат забелешки од нив.
-Дали имаат критики, дали имаат предлози, дали се согласуваат или не. Таа методологија е сеопфатна, се базира на релевантни институции, каде што не го оспорува минималната синдикална кошничка на синдикатите, но ние сме направиле една поконкретна методологија, каде што поточно ќе покажува колку е една потрошувачка, просечна потрошувачка кошничка за едно семејство, четиричлено семејство, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Министерот Дурмиши рече дека нема да има Новогодишна кошница ниту мерки за ограничување на цените, бидејќи цените не биле покачени.
-Ние кога имаше девијантно однесување од страна на трговците, донесовме мерки кои беа краткорочни решенија. Така да, такво нешто до сега, еве и пред два дена и денеска се слушам со директорот од Пазарна инспекција, до сега немаме информации дека има такво нешто или девијантно однесување или зголемување на цените, поточно на тие производи каде што се употребуваат повеќе на празниците, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Тој уште еднаш го повтори ставот дека Владата не е против зголемување на минималната плата и ќе почитува се што ќе договорат синдикатите и работодавачите.
-Дали во регионот сме со најниска минимална плата и ова ви одговорив дека позади нас се Турција, позади нас е Албанија, Бугарија, Косово значи се држави што имаат пониска минимална плата од нашата земја. Дали ова не задоволува нас, не, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Дурмиши рече дека Владата останува на ставот за законско усогласување на минималната плата во март. Според пресметките таа треба да порасне за околу 30 евра и да изнесува нешто над 26.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јануари нема да стартува владината потрошувачка…
Владината потрошувачка кошничка нема да се објави…
(Видео) Левица: Облаци црн чад од оџаците…
„Скопје денови наназад повторно е обвиено во…
Вучиќ се пожали на односите со САД…
Зборувајќи на редовната годишна конференција за претставници…
Кривични пријави за трговија со дете и…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…
ДЗС: Просечната нето-плата изнесува 45.943 денари, за…
Просечната нето плата во Македонија е 45.943…