Воздухот во Кичево под прагот на алармирање, МЖСПП ги прекинува мерките и препораките
Од денеска престануваат да важат мерките и препораките за надминат праг на алармирање што важеа за Кичево, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Оттаму велат дека епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 е завршена.
Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, на 24 декември, среднодневните концентрации на ПМ10 паднале под граничната вредност од 150 милиграми на кубен метар.
Поради ова се укинуваат препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните, за реорганизација на работата на отворено која беше ограничена од 11 до 17 часот и се повлекува наредбата за интензивирани вонредни контроли на инсталациите со А и Б еколошки дозволи и градилиштата.
Исто така, повторно е дозволено организирање спортски натпревари и културни манифестации на отворено.
Додека траеа препораките на терен беа засилени контролите на техничката исправност на возилата особено дизел-моторите, а беше воведена и строга забрана за горење на отворено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…
Напад со нож пред угостителски објект во…
На 02.05.2026 во 00:10 часот, во ОВР…