Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши

t

Разбиена криминална група во Русија која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица.

Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.

Таа во објава на Телеграм наведе дека во полициската акција се запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, како и дека се проценува дека од оваа нелегална активност печатниците оствариле приход од над 2,6 милијарди рубљи, односно 27,9 милиони евра.

– Повеќе од 2,6 милијарди рубљи, тоа е вкупниот приход од нелегалните активности на илегалните печатници кои моите колеги од Одделот за економска безбедност и борба против корупцијата при Главната управа на МВР на Русија за Москва ги ликвидираа – изјави Волк.

Како што е соопштено, осомничените изработувале и продавале фалсификувани пасоши, дипломи, лекарски уверенија и други документи со акредитиви на владини агенции, користејќи официјални меморандуми. Клиентите ги пронаоѓале преку огласи на социјалните мрежи и веб-сајтови, работејќи на вкупно 200 онлајн ресурси.

Повеќе од 50.000 фалсификувани документи се запленети во Москва и околниот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…