Швајцарската армија не е подготвена за големи напади

t

Швајцарија во моментов нема капацитет целосно да се заштити од масовни напади и мора значително да ги зголеми инвестициите во одбранбениот сектор, предупредува началникот на вооружените сили, генерал-потполковник Томас Сусли. Според него, безбедносните ризици во Европа се зголемуваат, особено поради однесувањето на Русија. Во разговор за швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“, Сусли истакнал дека државата е релативно подготвена за сајбер напади и закани врз критичната инфраструктура, но дека армијата се соочува со сериозен недостиг од соодветна опрема.

„Не можеме да се одбраниме од закани од далеку, па дури ни од напади од големи размери врз нашата земја. Мора да се знае дека при вистинска вонредна состојба, едвај една третина од сите војници ќе бидат целосно опремени“, рече Сусли, кој се повлекува од функцијата на крајот од годината.

Во обид да ги надмине овие слабости, Швајцарија веќе започна со зголемување на одбранбениот буџет, модернизација на артилеријата и замена на старите воени авиони со современи ловци „Ф-35А“ од американскиот производител „Локид Мартин“. Сепак, ваквите чекори наидуваат на критики, особено поради притисоците врз државните финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарската армија не е подготвена за големи…

Швајцарија во моментов нема капацитет целосно да…

Милиони Украинци без струја по жестоките руски…

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина…

Швајцарија гласаше против оданочување на супер богатите

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлија предлогот…

Швајцарија на референдум гласа за данок од…

Швајцарците денес гласаат на референдум за тоа…

(Фото) Нови израелски напади во Либан

Либанските медиуми известуваат за бран израелски воздушни…